• Fri. Nov 22nd, 2024

Референдумот во Ново село не успеа – нема излезност оти голем број граѓани се иселени во странство

ByВане Трајков

Sep 17, 2017

Според првичните неофицијални информации, референдумското изјаснување во општина Ново село не успеа. На 20 те гласачки места не излегоа потребните  50 одсто плус еден од запишаните 11 438 граѓани со право на глас за да референдумот биде легитимен. Вечерва ќе се знаат колку точно излегле да се изјаснат. Граѓаните што денеска ги анкетиравме тврдеа дека голем број граѓани на општина Ново село се во странство и не се во својата матична општина за да излезат да гласат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *