• Fri. Nov 22nd, 2024

Реакција на УМС: За прв пат во историјата младите во Струмица добиват свој простор ама НЕ СЕ ПРИСУТНИ!

ByЃ. K.

Nov 1, 2023

УМС Струмица со реакција на отворањето Младински совет во Струмица. Текстот го пренесуваме интегрално:

За прв пат во историјата младите во Струмица добиват свој простор ама НЕ СЕ ПРИСУТНИ!

За прв пат во историјата младите во Струмица на настан од важност за младите се претставени претежно од возрасни луѓе.

Нека е честито отворањето на Mладински центар во Струмица во зградата на Собранието на Општина Струмица.

Во меѓувреме младите се спремат за иселување во странство и затоа возрасните преземат акција: отидоа на свечено отварање на оваa нова можност за младите.

Младите, за жал, ќе ја користат оваа погодност евентуално во онлајн  верзија од странство.

Наместо да се фали дека се откажал од службениот автомобил како придонес кон овој проект подобро е градоначалникот Костадин Костадинов да даде одговор што се случи со проектот детски град во Струмица и во каква состојба се актуелните простории на Младински совет на Струмица.

Политиката на СДСМ за отселување на младите преку политичко профитерство, уништување на стопанството, земјоделието во регионот, екологијата, образованието и просперитетот доведе до тоа вечерва да се покаже вистинското лице на состојбата со младите во Струмица МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР БЕЗ МЛАДИ.

Или, како што објави градоначалникот Костадин Костадинов ,,новата верзија на нашата Струмица”

By Ѓ. K.