Минситерката за труд и социјалана политика,Мила Царовска,вчера на својот фејзбук профил објави дека Македонија ја ратификуваше Истамбулската конвенција за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство.ИЗминатиов период се одбележуваа 16 те дена за борба против насилството а инволвираните по ратификацијата ке имаат одврзани раце работа но се очекува да се имплементираат поголеми проекти со цел заштита на жените во повеќе сегменти.
Веќе се започнати подготовките и координацијата со останатите релевантни институции и меѓународни организации со цел отворање на Центар за жртви на сексуално насилство, во кој жртвите на овој вид насилство ќе добијат психосоцијална поддршка, и помош за нивна ресоцијализација и реинтергација. Но покрај овој центар се очекува и отворање на нови шелтер центри за жените жртви на семејно насислтво кои чекаа ратификација на Конвенцијата.