• Sat. Nov 23rd, 2024

Расцветаниот бадем, сливата и раните сорти кајсии на удар од ниските утрински температури

ByВане Трајков

Mar 14, 2022

Студените утра оваа недела може да предизвикаат штети доколку во регионите каде што се веќе расцветани бадемот, сливата и раните сорти кајсии паднат под -5 степени, предупредуваат агрометеоролозите.

Разладувањето на атмосферата со пониски дневни температури и врнежи од дожд и снег минатата недела, пак, го  успори или го одржуваше на исто ниво пролетното будење на овошките што е добро во овој период од годината зашто зимата сѐ уште трае.

-Ниските минимални утрински температури кои се очекуваат во текот на викендот и наредната седмица, особено во првите неколку дена, од агрометеоролошки аспект можат да причинат штети доколку во регионите каде е веќе расветан бадемот, сливата и раните сорти кајсии паднат под -5 оС, температура која е пониска од издржливоста на овошките во оваа фаза. Во повисоките региони каде не е почната вегетацијата добро е што ќе ги одржи подолго време во мирување овошките и виновата лоза, фаза, која колку подолго се одржува, толку се поголеми шансите да имаме поуспешна реколта, објаснуваат агрометеоролозите од УХМР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *