Бројот на пациенти заразени со коронавирус во одделите за интензивна нега во Франција денеска се искачи на 384, што е повеќе отколку во петокот, кога имаше 371 заразен, соопштија здравствените власти.
Ова е втор пат во изминатите седум дена бројот да се зголеми, откако се намали за последните 16 недели. Според Ројтерс, бројот на пациенти во француските болници се намалил од 5.298 во петок на 5.198, колку што има денеска.
Француските власти исто така објавија дека уште 29 лица починале од петокот, со што бројот на починати порасна на 30.249.
извор:Макфакс