• Sat. Nov 23rd, 2024

Распишан последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата за мерка 3 во вредност од 8,8 милиони евра

ByЃ. K.

Aug 4, 2023

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик од ИПАРД II програмата, со што заинтересираните треба да достават барања за користење средства по мерката 3 – инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи. Краен рок за поднесување на барањата е 18 септември.

Финансиската поддршка е составена од 75 проценти средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД), согласно Финансиската спогодба 2014-2020 и 25 отсто средства обезбедени од државниот Буџет.

Парите, по поединечно барање, се доделуваат како неповратна финансиска поддршка во износ до 50 отсто од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.

Инаку, според приоритетните сектори, ова се однесува за инвестициите во млеко и млечни производи; месо и производи од месо (вклучувајќи јајца и живина); овошје и зеленчук (вклучувајќи компири, печурки и легуминозни култури); житарици, мелнички продукти и скроб; растителни производи и масла и маснотии од животни; шира, вино и оцет; производство на енергија преку погони за преработка и производи од животни од примарната и секундарната биомаса, со исклучок на биомаса од рибни производи.

Сите потребни обрасци, упатства и информации се достапни на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.

By Ѓ. K.