Градинарите од Банско се загрижени како ќе го продаваат своето производство по одлуката на Владата да се затворат сите пазари во државата поради коронавирусот. Тие испратија заедничко писмо до канал ВИС со кое бараат од ресорното министерство да го организираат пласманот и извозот на нивните производи.
Еве што велат раноградинарите:
Ние градинарите од с. Банско, Струмица(а веруваме дека и другите градинари од Струмичко) се среќаваме со потешкотии за пласман на нашите градинарски култури, која една од нив е и главната рано градинарска култура, ЛУТАТА ПИПЕРКА. Дел од нашите производи се извезуваат директно од откупните центри, а дел се продаваат на пазарите низ Македонија, каде покрај тоа што граѓаните купуваат на мало, има и луѓе кои купуват на големо, за извоз во соседните земји, кое е многу значајно за нас.
Нашиот апел до МЗШВ е:
- Изнаоѓање на посебни услови за работа на пазарите, како што сеоние за маркетите и другите места каде се собира повеќе народ на едно место, дали со дистанцирање и посебна хигиена или со нешто друго.
- Олеснување и опростување на поминувањето на границите за камионите кои превезуваат бргу расипливи стоки. Не велиме да ги нема мерките, но да се подобро испланирани и организирани, затоа што еден од поголемите проблеми е тоа што има големи потешкотии на границите.
- Олеснување на условите за карантин на шоферите на камионите кои пренесуваат било каква стока која скапува за одреден период, како што се градинарските култури, дали да се замени од куќен карантин со кабински, со цел еден шофер да може да направи повеќе тури, или нешто слично со кое би се согласиле секако и самите шофери.
Ќе повториме, не сме против мерките, нека ги има, но да бидат подобро координирани и да се одвиваат побргу.
Во прашање е време, нашите производи веќе стојат не обрани во нашите ниви со денови, со тоа ние веќе изгубивме многу пари. Еве нас не мора да не субвенционирате со парите за кризата како останатите стопански гранки, само обезбедете ни пласман и лесен извос на нашите призводи и секако да не биде по неприфатливи цени, за тоа би ве замолиле да ни помогнете со ваш надзор над откупните цени во оваа криза, затоа што локалните олигарси ќе ја искористат оваа криза за да ни го земат и тоа што го имаме на начин што од нас ќе го купуваат со денар или два поевтино и ќе го продаваат поскапо и парите наместо кај нас, ќе завршат кај нив.
Ние се надеваме дека ќе го разгледате нашиот проблем и ќе направите се што е во ваша моќ. Очекуваме дека тоа ќе го направите час по бргу.
Ете ние сме спремни за секаква соработка со министерството за ЗШВ, отворени ќе бидеме за секаква ваша координација со нашиот проблем и ќе ги следиме сите ваши препораки по нашиот проблем.
ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ ЗА РЕАКЦИЈА, ЧАС ПО БРГУ!
Ви благодариме однапред.
Со почит,
градинарите од с. Банско, Струмица.