• Sat. Nov 23rd, 2024

Развојната банка објави јавен повик до компаниите за продолжување на грејс-периодот за отплата на бескаматните кредити

Во интерес на развојот на економијата и правовремено известување на бизнис-секторот и целокупната јавност, Развојната банка на Република Северна Македонија на својата веб-страница објави јавен повик, со кој се понудува можност на компаниите корисници на кредити од првата бескаматна кредитна линија Ковид 1, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за дополнителни три месеци.

Јавниот повик на кој компаниите ќе можат да аплицираат, ќе трае во наредните 7 дена, односно ќе заврши заклучно со 14 октомври 2020 година, а може да се најде на следниот линк: https://www.mbdp.com.mk/mk/vesti/668-javen-povik-do-kreditokorisnicite-na-kovid1.

„Владата и државните органи остануваат да бидат искрен партнер на стопанството и граѓаните и да креираат мерки кои ќе одговорат на реалните потреби на бизнисот и на граѓаните. Зголемувањето на грејс-периодот за отплата на кредитите од Ковид 1, ќе им обезбеди дополнителна ликвидност на компаниите во четвртиот, последен квартал од 2020 годна, за полесно справување со социо-економската криза.

Би сакале да потсетиме дека бескаматната кредитна линија Ковид 1 во вредност од 5,5 милиони евра, беше наменета за најпогодените дејности на почетокот на ковид кризата, односно за угостителската, транспортната и туристичката дејност.Од оваа линија беа одобрени 737 кредитни апликации на компании кои вработуваат вкупно 6.509 лица. Од вкупниот број на компании  77% се микро претријатија, 21% мали фирми, додека околу 2% од корисниците се компании со средна големина“, се вели во соопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *