ЈП„Плаваја“ Радовиш и општина Радовиш како дел од кампањата за здрава и чиста животна средина, од компанијата „ПАКОМАК“ добија донација на специјални контејнери за селекција на стаклен отпад.
Од денес граѓаните како корисници можат да учествуваат во зачувувањето на животната средина и унапредување на урбаниот изглед на градот со тоа што ќе го селектрираат стаклениот отпад и ќе го депонираар во специјалните контејнери.
За почеток се поставени 5 специјални контејнери за примарна селекција на стаклен отпад.
Контејнерите се поставени на следните локации:
1. Пред „Стоковна куќа“
2. Кај „Парк на младите“
3. На улица „Плачковица“ во непосредна близина на маркетот на “Маком Треф“
4. Кај детската градинка „Цветови“ (кружен тек на улиците „Александар Македонски“ и “Илија Алексов“) и
5. Спроти „Кам маркет“.