На прагот на претстоечките Божиќни празници, радовишани ја докажаа колективната свесност и општествена одговорност за семејствата кои од било која објективна причина не се во можност самостојно да ги набават неопходните прехранбени производи, потребни за достоинствено дочекување на Бадниковата вечера и Божиќ.
Оваа акција која целосно ја поддржаа општествено одговорните компании Бучим и Боров дол, ја спроведе општина Радовиш во соработка со општинската организација на Црвениот крст.