Одбојкарките на Работнички од Скопје предводени Елена Пандева и Стефи Станковска но и стратегот Глигор Христов сите од Струмица забележаа победа во дуелот со струмички Виктори Волеј во салата Партизан со 3:0. Гостинките во сите три сета доминираа и многу полесно од очекувањата стасаа до 4 тата првенствена победа.
По победата во Тетово над Бами кор, струмичанки одиграа лошо во овој меч. Правеа многу технички грешки а потфрлија и на сервисот кој требаше да им биде најсилното оружје против високите одбојкарки од Работнички
Наковски Волеј пак стаса до третата победа откако се прошета кај најмладиот тим во Првата лига , екипата на Македонија Макс