Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, заедно со жителите на Негорци и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заеднички го означија ставањето во функција на новиот водоснабдителен систем за Негорци. Изградбата на цевководот беше приоритетно барање за ова населено место кое се обврзаа дека ќе го реализирааат во програмата за локалните избори 2021 год.
Негорци добива редовно и квалитетно водоснабдување преку целата година. Покрај Негорци изградбата на водоводната линија го опфаќа и Прдејци. Вкупната должина на овој цевковод изнесува 6405 метри.
Изминатиот период се реализираа повеќе проекти на територија на цела Гевгелија, а дел од нив се реализираат во моментот.
Тие извршија посета на неколку проекти каде во моментот се извршуваат градежни активности:
Реконструкција на Културниот дом во Моин
Изградба на новиот урбан парк во Гевгелија
Реконструкција на Младинскиот дом „Мите Танов Коми“ во Богородица
Ветија и дека во наредниот период ќе продолжат активно да работат за подобрување на квалитетот на живот во градот Гевгелија, но и во сите населени места.