Фудбалското игралиште е изградено со договор на општина Струмица, ФФМ и ФК Академија Пандев и ќе можат да го користат фудбалерите од клубовите во Струмица за тренинзи но и за одигрување на официјални натпревари во младински конкуренциии.
Како што соопшти градоначалникот на Струмица Коста Јаневски игралиштето ја збогатува спортската инфраструктура во општината и ќе биде во функција на постигнување на нови фудбалски резултати
Претседателто на ФФМ Муамед Сејдини подвлече дека како Федерација ќе работат на обезбедување и средства за изградба на совлекувални а вакви игралишта се планирани и во други општини во земјава