Во основното општинско училиште „Маршал Тито“ во населеното место
Муртино се одржа предавање на тема „Противпожарна заштита од природни
непогоди и безбедност од најразлични непогоди“ од претставници на
Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица. На
предавањето учествуваа ученици од 6-то до 9-то одделение и сите предметни
наставници. Учениците беа запознати со улогата на противпожарната единица,
нејзината организација и делување, постапката при одредени ситуации,
употребата на противпожарен апарат и најразлични ситуации кои може да
предизвикаат пожар и други несреќи.