Радовишките производители на сливи денеска го блокираа патот Радовиш – Струмица, незадоволни од откупот на сливите. Револтирани се од ниската откупна цена и поради тоа што досега министерството не презело ништо за да интервенира и да се подобри пласманот на ова овошје па пазарот.
Протестот се одржува по вчерашната работна средба на претставници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со производителите и откупувачите од радовишкиот региoн. На средбата од минстерството истакнале дека ќе интервенираат во откупот како и за доматите и бостанот.