• Mon. Nov 25th, 2024

Протест во Вашингтон против парите во политиката

By

Apr 12, 2016 #Свет

Група граѓани наречена “Демократска пролет” протестираа поротив улогата на парите во американската политика.

Повеќе од 400 луѓе се уапсени поради учество во недозволен протест пред зградата на американскиот Конгрес во Вашингтон, соопшти полицијата.

Претходно агенцијата Асошиејтед прес извести дека пред зградата на Конгресот, каде во понеделникот се собраа стотици луѓе во знак на протест поради улогата на парите во политиката, полицијата масовно ги апси учесниците на собирот.

Станува збор за демонстрации во рамките на серијата протести оваа недела во Вашингтон, кои ги организира здружението на повеќе групи под заедничко име “Демократска пролет”.

-Демонстрациите се одржаа за да му се упати барање на Конгресот да преземе итна акција и да ја спречи корупцијата, големите коичини пари во нашата политика и да обезбеди слободни и фер избори, пишува на интернет-страницата на “Демократска пролет”.

“Еден човек, еден глас”, “Парите да излезат од политиката”, извикуваа демонстрантите.

-Во овој момент имаме систем за финансирање на кампањи во кои доминираат парите, вели една од демонстрантките.

Некои од бројните демонстранти до Конгресот во Вашингтон стигнале пешки од Филаделфија.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *