• Fri. Nov 22nd, 2024

Протестен караван во Струмица против мерките за заштита од ковид

By

Dec 5, 2021

Под мотото Слобода и правда граѓаните од Струмица кои се против ковид мерките излегоа на протест. Со патнички возила и вклучени сирени тие организираа протестен караван низ централните улици во градот и побараа укинување на актуелните здравствени мерки  кои ги оценуваат како недемократски и неуставни кои го ограничуваат правото на движење. Не се против вакцинацијата, но потенцираат дека таа не треба да биде обврска.

„Мерките за справување со здравствената ситуација во земјата ги оценуваме како недемократски и сегрегирачки. Ние сметаме и веруваме дека секој треба да има право на избор и нагласуваме дека не сме против вакцинацијата, туку секој да има право на свој избор“, рече Лидија Панова – овластено лице на ЗГ „Слобода и правда“.

Граѓаните кои  во август започнаа да протестираат како неформална иницијатива веќе  преминале во повисока форма и во иднина ќе делуваат како официјално здружение.

„Како повисока форма на здружување се формира и здружение за заштита на човекови слободи и права,, Слобода и правда,, од Струмица кое ќе работи на подигање на свеста на граѓаните за сите човекови слободи и права, за нивната примена и за нивното остварување по институционален пат“, рече Панова.

Од здружението Слобода и правда најавуваат дека нивните протести ќе траат се додека се активни и мерките против корона вирусот. Во меѓувреме најавуваат и други облици на делување чија цел ќе биде подигање на свеста на граѓаните за човековите права и слободи.

извор:https://sitel.com.mk/protesten-karavan-vo-strumica-protiv-merkite-za-zashtita-od-kovid

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *