• Fri. Nov 22nd, 2024

Пропаднаа преговорите меѓу СОНК и Владата, сѐ поизвесен штрајк на просветарите од 11 април

Пропаднаа преговорите меѓу СОНК и Владата, сѐ поизвесен штрајк на просветарите од 11 април

На вчерашната средба во Министерството за финансии, двете страни не се договорија околу синдикалните барања за усогласување на платите во образованието со минималната плата.

Од СОНК велат дека Владата очигледно несериозно ја сфаќа најавата за штрајк на просветарите и вработените во градинките, кој треба да почне следниот понеделник.

-Немаме краткорочно решение со кое веднаш ќе се зголемат платите на дејностите што ги застапуваме. За жал никаков процент и бројки не беа изнесени на маса. Излегуваме разочарани што немаме што да пренесеме на јавноста и членството, изјави претседателот на СОНК, Јаким Неделков, по средбата со членовите на Владата околу зголемувањето на платите на дејностите кои се под капата на СОНК.

-Ни рекоа дека зголемувањето од 18,4 % колку што бараме ќе дојде до потрес на буџетот, но и поради инфлацијата, што не се согласуваме, рече Неделков пред новинарите.

Од Владата, пак, предупредија дека ќе има казни ако градинките одлучат да не ги примаат децата. Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, порача дека дијалогот продолжува и оти ќе се обидат до 11 април да најдат решение.

-Разговаравме за решение кое ќе значи трајно решавање на проблемот со системот на плати. Легитимно право е на секој да протестира, меѓутоа во делот на детската заштита децата треба да бидат згрижени. И по Устав и по Закон не смее да биде прекинат процесот за згрижување на деца, изјави Тренчевска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *