• Fri. Nov 22nd, 2024

Промоција и унапредување на стручното образование – заклучија стручните професори на годишното Собрание во СОУ,,Никола Карев’’ во Струмица

ByВане Трајков

Dec 14, 2017

Здружението на стручни наставници и раководни кадри од електротетхничките, машинските и сообраќајните училишта од земјава во СОУ ,, Никола Карев’’ во Струмица одржаа годишно собраниеа  разгледувајки ги тековните активности на здружението а расправаа и за можни  мерки и решенија за унапредување на стручното образование по овие струки.

Беше разгледан извештајот од одржаните 36 те државни натпревари а беше презентирана и web страната на здружението каде ќе се пласираат сите информации и новости  кои доаѓаат од стручните училишта.

Беше заклучено дека треба да се превземаат активности за промоција на  стручното образование мегу основците но и да се прилагодува според потребите на пазарот на трудот за што е потребна тесна соработка со реалниот сектор односно бизнис заедницата.

Од таа причина советниците од Центарот за стручно образование ги информираа наставниците за новитетите и програмите што се планираат во стручното образование во делот на машинската, електротехничката и сообраќајната струка

Здружението на стручни наставници  расправаа и за активностите кои треба да ги превземат во поглед на одржување на општиските, регионалните и државните натпревари за ова учебна 2017/2018 година

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *