• Wed. Nov 27th, 2024

Производството на тутун се повеќе се намалува

ByDimitar Micev

Apr 10, 2018

И покрај добрата откупна цена на тутунот од 215 денари по килограм, одличен квалитет и задоволни тутунари, сепак производството на оваа култура драстично се намалува. Марјан Трајков, од Здружението на тутунопроизводители „Басмак“ вели дека тутунопроизводството се повеќе опаѓа. Ако пред десетина година во струмичкиот крај се произведувале околу 5 милиони килограми тутун, сега се откупуваат само 1.800.000 килограми тутун. Причината ја гледаат во макотрпната работа.

Слична е и ситуацијата со производството на тутун на светско ниво, вели Марјан Трајков. Додава дека тутунопроизводството се намалува и во Бугарија, Грција, Турција и низ други држави.

На ниво на државата годинава беа откупени повеќе од 23.500.000 килограми тутун, со просечна откупна цена од 217 денари по килограм.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *