• Sat. Nov 23rd, 2024

Проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“ соединува наставни содржини од повеќе наставни предмети

Изведувањето на заеднички часови по наставните предмети општество и граѓанско образование, за учениците од македонската и турската заедница во општинските основни училишта „Маршал Тито“ во Струмица и „Маршал Тито“ во Муртино, ги соединува и наставните содржини од наставните предмети ликовно и музичко образование, странските јазици, историја, мајчиниот јазик и физичкото образование. Корелацијата и координацијата што во наставата ја планираат наставниците во овие училишта, заедно со родителите на учениците и претставници од локалната самоуправа, придонесува да се остваруваат целите на наставата, да се подобрува меѓусебната соработка, взаемно почитување и помагање во извршување на поставените задачи, учениците да умеат да ги воочуваат проблемите и да знаат дека треба да се решаваат, да знаат да се грижат за својата околина, да знаат да предложат решенија за конкретни проблеми и слободно да ги искажуваат своите мислења и идеи.
Во овој проект финансиран од Детската Фондација Песталоци и имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, во соработка со Бирото за развој на образованието-Скопје, активно се вклучени наставниците од одделенска настава преку наставниот предмет општество и наставниците во предметна настава по граѓанско образование.
Општина Струмица, како партнер во овој проект, преку Комисијата за меѓуетничка интеграција во образованието формирана од градоначалникот на општина Струмица, постојано ги следи и продолжува со поддршка на активностите планирани во годишните програми на училиштата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *