• Fri. Nov 22nd, 2024

Продолжува собраниската расправа за Законот за минимална плата

Продолжува собраниската расправа за Законот за минимална плата

Пратениците во Собранието денеска на пладне треба да ја продолжат расправата за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, со кој минималната плата ќе изнесува 18.000 денари.

„Државата ќе ја покрие разликата од 15,200 до 18,000 денари, за оние работодавачи кои нема да можат да исплатат повисока минимална плата. Тоа субвенционирање ќе биде во периодот од март до декември годинава, што значи државата ќе го покрие остатокот од скоро 1,200 денари“, изјави вчера Јованка Тренчевска, министер за труд и социјална политика.

Опозицијата ќе го поддржи законот но забележува дека заедно со минималната треба да растат и останатите плати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *