Претходната заедничка министерска одлука за прекинот на копнените поврзувања на Грција со Северна Македонија и Албанија истече на 31 август, а се продолжи со нова што ќе биде во сила до 15 септември.
Во однос на копнените граници, ограничувањата, „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија“ се за временскиот период од 1 до 15 септември 2020 година и се однесуваат патните и железничките поврзувања на Грција со Северна Македонија, Албанија и на Турција.
За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас (Кулата) и само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето