• Fri. Nov 22nd, 2024

Продолжува елиминацијата на медиумската опозиција во Турција

By

Mar 9, 2016 #Свет

И покрај критиките заради превземањето на контролата над водечкиот дневен весник Заман, турските власти отидоа чекор понатаму – како што пренесуваат голем број на извори, тие ја превзедоа контролата и над новинската организација Цихан која, токму како и весникот Заман, ги доведува во врска со ривалот на Ердоган, клерикот Фетулах Гулен кој живее во САД.

Да потсетиме, турските власти тврдат дека Гулен припрема државен удар па врз основа на тоа тргнаа во ригидна елеминација на комплетната медиумска опозиција.

Еден репортер од новинска агенција Чихан, Иврахим Варлик, во разговор со РТ рекол дека Цихан била најголема приватна новинска агенција во Турција и како сега, после превземањето, државната новинска агенција Анадолу ќе стане еднинствен извор на информации за турскиот народ.

Секако, овде не станува збор само за турскиот народ туку и за надворешниот свет кој сега многу потешко ќе може да добие увид во она што се случува во оваа земја. Да потсетиме, тоа се случува во моментот додека турската војска води операции против курдските бунтовници на југоисокот од земјата.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *