• Sun. Nov 24th, 2024

При крај е реконструкцијата за новите простории во кои ќе бидат сместени здруженијата на граѓани

Невладините организации кои работат на територијата на општината Струмица ќе добијат работни простории за извршување на своите активности со кои придонесуваат за развој на општината и заедницата.

При крај е реконструкција, адаптација и уредување на една од зградите во поранешната касарна во Струмица, позната како „инкубатор“, каде ќе бидат сместени, пред се здруженијата на социјално ранливите групи, но и на останатите невладини организации.

„Невладиниот сектор е наш партнер, којшто со своите проекти и идеи дава голем придонес во развојот на нашата општина“ – вели градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Владата на Република Бугарија донираше 138.000 евра за овој проект, проектот доби пари и од Фондацијата отворено општество Македонија, а со свои средства учествува и ОпштинаСтрумица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *