Вчера полициски службеници од Полициска станица Радовиш во содејство со вработени во Шумска полиција Радовиш на имот на Љ.Ј.(62) на ул.„Готен“ во Радовиш пронашле бесправно исечени огревни дрва. Дрвата се одземени и предадени во Јавното претпријатие „Национални шуми“ Радовиш, а по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.