Јавното обвинителство во Струмица изрече мерка притвор од 30 дена за пет лица вмешани во нападот на струмичкиот полициски службеник во населеното место Баница. Како што информираа од обвинителството за сите лица кои учествувале во нападот на службентото лице отворена е истражна постапка за напад врз службено лице при вршење на работа за безбедност. Инцидентот се случи на 18 август во вечерните часови каде група од повеќе од десетина лица од Баница и Градско Балдовци го сопеле слуѓбеното лице со кое било со службено возило и со дрвени, бетонски и метални предмети удирале по возилото а потоа и физички го нападнале полицаецот.
За инцидентот реагираше и Независниот синдикат на полицијата кој побара строги казни за сторителите.
,,Ги прашуваме сите надлежни институции во државата, уште колку напади врз полициски службеници треба да се случат и дали треба да чекаме некој полициски службеник да загине пред да се преземат мерки против оваа сериозна и зачестена појава. Дали Министерството ќе му пружи поддршка и ќе ги покрие трошоците за лекувањето со оглед на тоа дека од Август 2022 година не се уплаќа колективното осигурување?,, стои во реакцијата на синдикатот