• Fri. Nov 22nd, 2024

Приведен 28-годишен струмичанец, полицијата пронашла пакување со кокаин

ByЃ. K.

Mar 4, 2024

На 3.3.2024 во 00:30 часот во Струмица, полициски службенници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода В.Т.(28) од Струмица.

Тој претходно бил забележан како на локација во Струмица остава пакување со кокаин, кое било пронајдено од полициски службеници. Во службениот разговор во Полициската станица Струмица тој го признал делото.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против В.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.

By Ѓ. K.