Синоќа во 22.30 часот полициски службеници од Полициското одделение Ново Село го лишиле од слобода А.В.(25) од село Косевица, општина Македонска Каменица. Тој се сомничи дека извршил обљуба врз 81-годишна жена од струмичко.
Лицето било задржано во Полициска станица Струмица, за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица“, стои во информацијата од МВР