• Sun. Nov 24th, 2024

Приведен скопјанец во Валандовско баран со потерница за издржување затворска казна

ByЃ. K.

Oct 3, 2023

Вчера, во 15.50 часот, полициски службеници од Оперативниот тим потраги во с. Удово, Валандовско, го лишија од слобода А. Н. (26) од Скопје.

За него била распишана потерница по наредба на Основен кривичен суд – Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци, а во врска со член 235 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.

By Ѓ. K.