На 19.09.2023 во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Е.С.(28) од Радовиш.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана.
Е.С. бил задржан во Полициската станица Радовиш, за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по негово целосно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.