• Wed. Nov 27th, 2024

Приведен радовишанец кој подметнал пожар во зграда

ByЃ. K.

Jul 5, 2023

На 04.07.2023 во 13.20 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Б.Ѓ.(57) од Радовиш, кој се сомничи дека околу 05.40 часот подметнал пожар во станбена зграда лоцирана на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш, во кој биле опожарени влезни врати од 8 станови, ходниците и една разводна табла за електрична енергија. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, повредени лица нема, а увид на местото извршиле инспектор од Дирекција за заштита и спасување и екипа од ОВР Радовиш.

При лишувањето од слобода кај Б.Ѓ. биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело, а такви предмети биле пронајдени и во неговиот дом.

Истиот бил задржан во Полициска станица Радовиш и со него бил извршен службен разговор при што го признал делото.

За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и во текот на денот лицето ќе биде изведено пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

By Ѓ. K.