• Fri. Nov 22nd, 2024

Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственичката

ByВане Трајков

Feb 16, 2023

На 15.02.2023 во 15.40 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Ѓ.А.(38) од Струмица.
Тој се сомничи дека околу 15.00 часот одзел паричник, во кој имало пари и други лични предмети од женска чанта во козметичко студио во Струмица. Кај него биле пронајдени парите и предметите, кои биле вратени на оштетената.
Ѓ.А. бил задржан во Полициска станица Струмица, за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица и по негово целосно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *