• Sat. Nov 23rd, 2024

Приведено лице од Струмица, осудено на тригодишна затворска казна

ByЃ. K.

Oct 11, 2023

Денеска (11.10.2023) во 14.30 часот на ул.„Манапо“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.М.(49) од Скопје, со живеалиште во Струмица.

Тој бил осуден на казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Штип поради бегство.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за издржување на казната.

By Ѓ. K.