Секогаш отворена, пријателска и препозната по своите успешни резултати и политики, нашата Струмица е честа дестинација за дипломатските претставништва.
Денеска градоначалникот Костадинов им посака добредојде на претставници на Амбасадата на САД во нашата држава.
Во пријателска атмосфера и со посебно задоволство тој ги информираше за работата на Општината, а разговараа и на повеќе актуелни теми и предизвици на локално и повисоко ниво.