На 10-ти мај во 17 часот, на малата сцена на Театар Антон Панов во Струмица, ќе биде изведена претставата „Види, летам!“
Оваа претстава, создадена минатата година во соработка со UNHCR-Skopje и со партнерство на Wonderland Theatre, гостува во неколку градови низ државата. Преку неа се истражуваат предизвиците пред лицата со статус на бегалци, барателите на азил и лицата без државјанство, претставувајќи ја човечката издржливост и потрагата по идентитет.
Влезот е бесплатен.