Претседателот Ѓорге Иванов вечер во Гевгелија ќе приреди прием за членовите на дипломатскиот кор, акредитирани во државава.
На дипломатскиот прием, кој традиционално го приредува претседателот по повод новогодишните и божикните празници, свои обраќања ќе имаат претседателот Иванов и доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот на Руската Федерација, Олег Шчербак.
Во рамки на дипломатскиот прием, што според воспоставената практика се одржува надвор од главниот град, претседателот Иванов и претставниците на дипломатскиот кор утре, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, во Нов Дојран ќе присуствуваат на црковниот чин – осветување на водите на Дојранското Езеро и положување на Светиот крст.
Традиционалниот прием по повод новогодишните и божикните празници за претставниците на дипломатскиот кор изминатите години беше приреден во Струга, Гевгелија, Битола, Крушево и во Берово, соопшти кабинетот на Иванов.