Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, денеска во 08:00 часот го лишиле од слобода струмичанецот Д.К. (33).
Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен опиум.
За настанот бил информиран јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струмица, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.