Денеска времето во земјава во претпладневните часови ќе биде сончево и топло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне и во ноќните часови, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, се очекува наоблачување почнувајќи од запад кое ќе се зголемува и ќе донесе нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Наместа врнежите ќе бидат во форма на невреме со интензивен краткотраен дожд, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 14 до 22 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе биде 8.