• Fri. Nov 22nd, 2024

Прелиминарно распределени социјални станови за 23 семејства во Струмица

Прелиминарно распределени социјални станови за 23 семејства во Струмица

На 23 деца без родители, самохрани родители и социјално загрозени семејства денеска во СТрумица прелиминарно, по електронски пат им беа распределени социјалните станови во новоизградената социјална зграда во Струмица.Од утре комисија од Министерството за транспорт и врски ќе изврши детална контрола на лицата кои се на прелиминарната листа. Кај сите оние каде фактичката состојба не одговара на приложените документи, ќе бидат исфрлени од листата и становите ќе им бидат доделени на лица со ист или помал број бодови доколку ги исполнуваат условите.

Денес во дом на АРМ во Струмица некој се радуваше , некој плачеше.

Закупнината ќе изнесува 15 денари од метар квадратен или за стан од 45 метри квадратни ќе се плаќа закупнина од околу 650 денари месечно. Директорката АД за стонисување за стамбен и деловен простор од Струмица, Ѓеоргиева вели дека , станарите ќе се грижат за становите како за сопствени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *