Секторот за превенција при СВР Струмица во сорабтока со „Црвениот крст“ организираше едукативно предавање за основците од ОУ Никола Вапцаров.
Основнците од 7, 8 и 9-то одделение од ООУ „Никола Вапцаров“ од Струмица се запознаваа со видовите дрога и последиците од нивно користење, како и конзумирањето на алкохол и никотин и здравствено-социјалните пробвлеми кои може да се појават од нивна злоупотреба.
СВР СТрумица во Соработка со „Црвен крст“ почнуваат превентивни едукативни работилници и предавања меѓу основците за намалување на бројот на идни корисници и зависници. Од Црвениот крст, велат дека, оваа група основци, често не се доволно запознати со оваа тема.