Јапонскиот милијардер што помина 12 дена на Меѓународната вселенска станица се врати на Земјата, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.
Јусаку Маезава, 46-годишен милијардер, неговиот помошник Јозо Хиноро и рускиот астронаут Александар Мисуркин се спуштија со падобран во казахстанската степа во 4.13 часот утрово.
„Заврши туристичкиот лет на леталото Сојуз МС-20“, се наведува на веб-страницата на Роскосмос.
Двајцата Јапонци се првите туристи што сами си го платија патувањето. Ова е прва туристичка посета на вселенската станица од 2009 година.