• Sun. Nov 24th, 2024

Правници што не знаат да напишат молба- Многуте правни факултети произведуваат неуки правници

Земјата дава се’ полоши правници, кои немаат ниту правилна дикција и изговор, а камоли знаења за да бидат вистински практикувачи на правото. Оваа е оценката на адвокатот и универзитетски професор Трајчо Витанов, кој има повеќегодишно искуство како професор на приватните и државни универзитети но и соработка со младите правници. Ваков е примерот и со Академијата за судии и обвинители, за која вели дека е добро да постои но со поинаков концепт.

Витанов вели дека од една страна проблем се големиот број правни факултети во државата, но од друга страна лошите програми кои честопати не опфаќаат значајни предмети од правната наука, што од старт ги прави идните правници неподготвени со знаења потребни за добро обавување на професијата.

Во Македонија има дваесетина правни факултети и годишно дипломираат стотици нови правници. Професорите велат дека освен поквалитетни образовни програми, мора да се работи и на квалитетен наставен кадар, затоа што во земјата има и се помалку квалитетни професори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *