• Sat. Nov 23rd, 2024

По 500 години решена мистеријата како изумреле Ацтеките

Во 1545 година Ацтеките биле погодени од страшна несреќа. Луѓето почнале да добиваат треска, главоболка, крвареле од очите, устата и носот. Смртта обично настанувала за три или четири денови. За пет години било покосено дури 80% од населението, околу 18 милиони луѓе, од епидемијата која на ацтечкиот јазик била позната како „cocolizitli“, што во превод значи „смртоносна епидемија“, а досега неретко се преведувала икако „чума“. Но, која точно била болеста било мистерија половина милениум.

Во понеделникот научниците сфатиле дека станува збор за големи и мали сипаници, заушки и грип, како и тифусна цревна треска, за којашто пронашле ДНК на забите на одамна починатите луѓе.

-Од 1545 до 1550 година, коколизитли биле само една од многуте епидемии што ги погодиле Ацтеките по доаѓањето на Европјаните. Но, најразорна била втората од трите големи епидемии, којашто однела најмногу жртви, изјавила Ашилд Ваген од универзитетот Тубинген во Германија.

-За причината за епидемијата се расправа повеќе десетици години, но дури сега дојдовме до одговор, и тоа благодарејќи на нализата на древна ДНК, додала таа.

Појавата на болеста се смета за една од најсмртоносните епидемии во историјата на човештвото, по жртви блиска на Црната смрт- бубонската чума којашто во 14 век покоси 25 милиони Европјани, околу 50% од тогашното население на континетот.

Европските колонизатори ја пренеле болеста во Новиот свет кое што дотогаш никогаш не било во допир со неа па немало имунитет.

Споменатата 1545 година, болеста се појавила на територијата на денешни Мексико и Гватемала, само дваесет години по доаѓањето на Шпанците, кога избила епидемија на мали сипаници од која умреле меѓу пет и осум милиони луѓе.

Втората епидемија меѓу 1576 и 1578 година го покосила останатиот дел од населението.

-Во градовите биле ископани големи  ровови и по цел ден свештениците не правеa ништо друго туку само закопуваa луѓе, запишал шпанскиот историчар Фрај Хуан де Торкемада во својата хроника.

На лекарите подолго време им било познато дека симптомите на болеста на Ацтеките не се совпаѓала со симтомите на малите сипаници и маларија. Но, се чини дека сега конечно е пронајден виновникот. Анализирајќи ја ДНК на 29 костури закопани во гробница како починти од коколизтли епидемија, пронајдени се остатоци од бакетријата Salmonela enterica, од видот Paratiphy C. Познато е дека таа предизвикува цревна треска како тифусот, но денеска оваа бактерија ретко предизвикува инфекции.

Многу видови на салмонела се ширеле по пат на заразена вода или храна и во Мексико допатувале со домашните животни кои што биле донесени од Шпанија.

Познато е дека Салмонела ентерика била присутна во средновековна Европа.

-Ги тестравме сите бактериски патогени и вируси за кои се достапни геномски податоци и Салмонела ентерика беше единствената детектирана бактерија, рекол Александар Хербиг, коавтор на студијата.

Сепак, останува можноста некои патогени да останале неоткриени или пак се потполно непознати.

Научниците изјавиле дека не можат со сигурност да тврдат дека Салмонела ентерица ја предизвикала коколизтли епидемијата, но е еден од најсериозните кандидати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *