На 4-ти ноември (сабота) во 18:00 часот во Црквата „Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ ќе се одржи 12-от Фестивал на Источно црковно пеење во организација на НУЦК „Антон Панов“ во соработка и сп поддршка на Општина Струмица и Православна Струмичка Епархија.
Свој настап ќе имаат Женскиот хор „Св. Теофил Струмички“ од Струмица и битолските: Машки византиски хор „Св. Нектариј Битолски“, Женски хор „Св. Макрина“ и Детски хор „Св. Стилијан“.
М-р Игор Гулевски ќе се им се обрати на присутните на тема „Источно црковно пеење“.