Вчера во 13,30 часот било пријавено дека во Струмица на ул.“24-ти Октомври“ патничко моторно возило “џип“ со струмички регистарски ознаки, управуванo од Б.М.(29) од Струмица удрило во пешакот Л.М.(70) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М. констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.