• Wed. Nov 27th, 2024

По палењето на Куранот во Стокхолм, Турција не дозволува Шведска да стане НАТО членка

ByЃ. K.

Jul 5, 2023

„Турција не одобрува вршење притисок. Ние сме принципиелни“, рече Фидан, повикувајќи ја Шведска да ги „исполни своите задачи“ за да може да влезе во НАТО. „Прашањето дали пристапот на Шведска во НАТО е товар или предност во стратешка и безбедносна смисла, повеќе е предмет на дебата“, рече тој, една недела пред самитот на НАТО во Вилнус на 11 и 12 јули.

„Турција нема да попушти под „притисок“ и ќе се спротивстави на приемот на Шведска во НАТО, доколку тaа стане „товар“ за Северноатлантската алијанса,“ изјави вчера турскиот министер за надворешни работи – Хакан Фидан.

  • Фактот што шведскиот безбедносен систем не беше во состојба да спречи провокации и што претстави слика на земја која внесува проблеми во НАТО, наместо сила, не тера да размислуваме за стратешките и безбедносните аспекти, рече тој на заедничката конференција со неговиот јордански колега.

По рускиот напад врз Украина минатата година, Шведска и Финска ги напуштија своите традиционални позиции на воена неврзаност и побараа прием во НАТО.

Сепак, кандидатурата на Шведска е блокирана од Турција која ја обвинува дека е попустлива кон групите кои Анкара ги смета за безбедносна закана.

By Ѓ. K.