По една година пауза утре премиера на претставата бракот на „Марија Браун“ во режија на Драгана Таневска. Претставата е работена по истоимениот филм на Рајнер Вернер Фасбиндер. Учествуваат 8 актери од струмичкиот ансамбл. Директорот на центарот за култура, најавува и други претстави.Режисерката Таневска вели дека претставата ги спротивставува војната како симбол на уништувањето и жената, како симбол на создавањето.Насловната улога Марија Браун ја игра актерката Анкица Бенинова. За Бенинова, главната јунакиња е храбра и бескомпромисна жена. Актерот Ников, пак, го игра нејзиниот сопруг.