Шест советници при Советот на општина Валандово, потпишале барање до претседателката Јасмина Сечкова да свика вонредна седница за распишување референдум за рудници . Тие барањето до општината ги доставиле попладнево бидејки биле револтирани што се игнорира иницијативата ,,Спас за Валандово,, кој ги достави потребните потписи за распишување референдум а два дена го блокира градот.
На барањето според нашите информации потпишани се тројца советника од СДСМ, двајца од ВМРО ДПМНЕ и еден независен. Претседателката на Советот Јасмина Сечкова согласно деловникот е должна во рок од 15 дена да закаже седница, во спротивно советниците кои бараат ќе закажат седница и ќе заседаваат за да донесат одлука за распишување референдум односно утврдување на терминот но и дефинирање на референдумското прашање