„Направено со љубов“ е мотото на шестото издание на културно музичкиот фестивал Струмица опен фест кој вечерва и официјално стартува и ќе трае до 13 август.
На шест отворени сцени во Струмица ќе се одржат 15 културни настани и 20 музички концерти со над 80 артисти, сликари, поети и пејачи и музички групи. За организаторите годинава е најобемна програмата.
За организаторите фестивалот е своевидно културно лето во Струмица кој очекува да привелече над 150 илјади посетители кои секоја вечер ќе уживаат во богатата културна и забавна програма.
Годинава фестивалот ќе чини околу 150 илјади евра од кои 50 ги обезбеди општина Струмица со одлука на Советот.